Болоњезе мусака
Верувам сите си имате начин како подготвувате мусака. Ова е еден од моите начини кој се надевам ќе ви се допадне.
1. Во сад на оган со малку масло ставете го ситно сецканиот кромид да се пржи, додека убаво не омекне. Потоа додадете го ситно сецканото лукче и пропржете уште малку. Додадете го меленото месо и продожете со пржење. Потоа додадете го доматниот сос, виното, ворчестер и зачините по вкус. Оставете на тивко нека крчка 25-30 мин, да се редуцира и згусне малку.
2. Компирите исчистете ги и исецкајте на потенки кругови (2-3мм). Ставете ги во еден сад, додадете им малку масло и зачини, промешајте ги.
3. За преливот измешајте ја павлаката со млекото и зачинете по вкус.
4. Садот во кој ќе печете намрсете го малку со масло, наредете еден ред компири, од месото па од преливот. Уште еден ред компири, остатокот од месото и преливот. Завршете со ред компири и премчкајте ги со остатокот од преливот.
Ставете да се пече во претходно загреана рерна на 220С, додека компирите не бидат готови. Пред крај ставете го изренданиот кашкавал и вратете во рерна да се стопи и запече.
Нека се излади малку па послужете.
Добар апетит =)
* Од дебелината на компирите ќе ви зависи времето на печење.
Лиценца: Сите права се задржани