Уште едни во низата празнични суви колачиња.

Подготовка:

1. Се матат белките со солта, 1 минутка, со најголема брзина на миксерот.
2. Потоа се додава шеќерот во прав и ванилите, постепено и се мати вкупно 5 минути.
3. Од добиената смеса, во најлонска ќесичка, се ставаат 5-6 лажици и се ставаат во фрижидер. Ова ќе ни треба за полевање на готовите колачиња.
4. Во останатата смеса се додаваат лешниците, циметот, кората од лимон и портокал. Се меша со шпатула, па се домесува со рака. Се добива мека смеса.
5. Се става во најлонска ќеса и оди во фрижидер 1 час, убаво да се стегни.
6. После изминатото време ја вадиме смесата од фрижидер, го расекуваме најлонот. Преку најлонот со сукалка развлекуваме кора со дебелина од 1цм. Со форма ѕвезда, потопена во вода, за да не ни лепи, вадиме форми. Ги редиме на хартија во плех.
7. На најлонското ќесе со белката му го отсекуваме врвот и ги полеваме колачите.Убаво размачкуваме со врв на нож. Појасно се гледа на дополнителните фотографии.
8. Ги печеме во загреана рерна на 140 околу 20 мин или секој према рерната. Внимаваме, треба да останат бели.
Оставаме да се изладат.

Уживајте во преубавиот вкус на овие празнични колачиња! 

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови