Божиќни ментол колачиња
Многу интересни колачиња.... Ставете ги во целофан и украсете ги со машничка и сте добиле супер подарок кој ќе израдова некој ваш близок.
Подготовка
1. Во кондензираното млеко ставете просеан шеќер во прав и ментол екстрактот. Најпрво мешајте со лажица, а потоа замесете ја смесата.
2. Поделете ја на две половини и во едната ставете сина, а во другата зелена боја.
3. Расукајте ја смесата со сукало, ама ставајте шеќер во прав на подлогата каде ќе ја развлекувате смесата како и врз нејзе.
4. Дебелината треба да ви биде од 3-5 мм, ама тоа ви го оставам вам на изборот.
5. Вадете форми со калапчиња.
6. Оставете ги колачињата да се просушат.
Подготовка на ројал ајсинг
1. Белката се мати со половината од шеќерот и сокот од лимон на најслаба брзина со миксер.
2. Потоа постепено се додава остатокот од шеќерот во прав и се мати на средна брзина на миксерот.
3. Се става од кремот во кесичка се отсекува врвот и се декорираат колачињата. Веднаш им се ставаат украсните трошки за да се залепат. Ако имате од специјалните кесички за украсување уште поубаво.
Забелешка
Доколку сакате интензивен вкус на ментол, ставете повеќе од екстрактот, а и зависи каков екстракт користите. Доколку е потребно, а во зависност какво кондензирано млеко користите додадете и повеќе шеќер во прав. Јас имав готова купена ројал ајсинг смеса во мала туба па многу лесно ми одеше украсувањето, ама сепак ви напишав како јас ја подготвувам смесата која ја користам за украсување на колачиња со неа.