1.Се замесува од сите состојки тесто и се остава да стасува. Потоа се премесува тестото и се дели на два дела. Се сука една кора и се премачкува со маргарин. Врз оваа кора се става другата исучена кора.
2. Се сечи на 8 ленти од 5см Секоја лента се врти како спирала и се реди како елка. Стасува 40 мин, се премачкува со премазот, се лепат украсите снегулки и се поросува со сусам и афион.
3. Се печи во загреана рерна на 170С 25мин. Од тестото за украс се замесува понатврдо тесто се сучи и се вадат со модла снегулки украси кои се лепат на тестото и заедно се печат. На здравје и Среќни празници!!!

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани