За час се јаде оваа превкусна фокача...

Подготовка
1. Го замесуваме тестото од сите наведени состојки. Може на рака да го замесите, може со миксер. Калкулирајте со водата, треба да ни е средно меко до меко замесено. Го оставаме да стаса, да се дуплира. За тоа време ги подготвуваме состојките.

2. Козјото сирење го сечкаме на мали коцки, исто и сланината. Ако имате маслинки со семки, отстранете ги семките. Ако немате шери домати, може да насечкате на коцки еден домат. Ви пишав потребни состојки ама не ви пишав количина бидејќи состојките ги редите и ставате по ваш вкус.

3. Откако ни стасало тестото само го истураме во намрсена тава или на хартија за печење и нежно го распоредуваме во неа.

4. Со прстите правиме вдлабнатини или пак едноставно парченцата ги притискаме во тестото. Редиме насекаде, посипуваме оригано и целото тесто го намрсуваме со маслиново масло.

5. Ја ставаме да се пече во загреана рерна на 200-220 степени.

Забелешка
Од оваа количина тесто подготвив две тавчиња. Во едното ставив сланина, а во другото не ставив, по желба на домашните.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани