23
ное
2021
Благи мини крофнички
Овие крофнички се прават во апарат-тостер за крофнички. Многу брзо и лесно се прават.
Подготовка:
1. Се матат јајцата, заедно со шеќерот, да се добие убава светла смеса. Потоа се додава маслото, млекото и ванилата.
2. Посебно се мешаат пецивото со брашното. Се просејуваат и се додаваат во смесата од јајца. Овде се ренда кора од лимон и се остава 2,3 мин смесата да одмори.
3. Се прават крофнички во апаратчето за крофни. Се глазираат по желба. Но, и без ништо се премногу вкусни. Излегуваат над 100 парчиња. Точно за роденденски забави и прослави.
Лиценца: Сите права се задржани