1. Најпрво се спрема филот. На оган се става слатката павлака да се загрее, не да врие, па се додава ситно искршеното чоколадо, се меша додека се растопи, се трга од оган и се додава маргаринот и повторно се промешува додека да се стопи маргаринот. Филот се лади прво на собна температура, па потоа се става во фрижидер преку ноќ за да се стегне филот или пак во замрзнувач на неколку часа.
2. Бисквитите се потопуваат во млакото млеко и се реди, ред бисквити, па фил, па бисквити, фил, бисквити и целата торта се премачкува со останатиоит фил.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови