Подготовка:

1. Во длабок сад додадете ги путерот, шеќерот, солта и измешајте ги, додека смесата не стане хомогена. Додајте ги јајцето и маслото за јадење и мешајте повторно. Потоа додајте го и какаото и мешајте со шпатула. На крај додајте ги брашното и прашокот за печиво и формирајте го тестото и оставете го замотано во стреч фолија да се лади во фрижидер 20 минути.
2. Тестото разделете го на 15 делови, направете форма како на дополнителната фотографија, секоја шишарка засечете ја со нож, како на фотографијата и печете ги бисквитите во загреана рерна на 180 степени околу 15 мин. Испечените бисквити оставете ги да се оладат, а потоа наросете ги со шеќер во прав.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани