![Бели колачина со чоколадо и кора од мандарина](https://moirecepti.mk/content/uploads/2016/01/P1150135-b5104a-800x600.jpg)
26
јан
2016
Бели колачина со чоколадо и кора од мандарина
Во еден сад ги ставаме брашното, пецивото, јацето, путерот, шеќерот и постепено го додаваме сокот. Во друг сад настрана го топиме белото чоколадо со маслото и тоа го додаваме во смесата и убаво месиме со рацете.
Кога ќе добиеме мазно тесто го виткаме во најлонска фолија и го оставаме во фрижидер околу еден час и потоа пправиме топчиња.
Секое топче го правев околу 30 гр.
Топчињата ги редиме во плех со хартија и печиме на 200 степени околу 15 минути.
Секое топче го наросуваме со шеќер во прав.
Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови