Испечати

Бели колачина со чоколадо и кора од мандарина

Бели колачина со чоколадо и кора од мандарина

Состојки

  • 300гр. бело брашно
  • 1 јајце
  • 80гр. путер
  • 100гр. шеќер
  • 100гр. бело чоколадо
  • 50мл. цеден сок од мандарна/портокал
  • 1 пециво
  • 2 лажици масло
  • рендана кора од мандарина
  • шеќер во прав

Подготовка

Во еден сад ги ставаме брашното, пецивото, јацето, путерот, шеќерот и постепено го додаваме сокот. Во друг сад настрана го топиме белото чоколадо со маслото и тоа го додаваме во смесата и убаво месиме со рацете.
Кога ќе добиеме мазно тесто го виткаме во најлонска фолија и го оставаме во фрижидер околу еден час и потоа пправиме топчиња.
Секое топче го правев околу 30 гр.
Топчињата ги редиме во плех со хартија и печиме на 200 степени околу 15 минути.
Секое топче го наросуваме со шеќер во прав.