Овој рецепт го најдов барајки по интрернет неко ролат со банани, имав банани и сакав нешто благце со банани, но си ја најдов оваа тортичка и малку моја фантазија додадов и супер излезе. Бргу се пресече немав време ниту да ја сликам целата!

Прво ги вариме пудинзите со млекото и шеќерот за да се излади убаво.

Бисквитот:
ги матиме белките со шеќерот, потоа една по една ги додаваме и жоллтките и на крај ги додаваме брашното, оревите и прашокот за пециво кои претходно ќе ги измешаме заедно.
Го печеме бисквитот и го оставаме да се излади.
Маргаринот го матиме со шеќерот во прав и го додаваме во изладениот пудинг.
Бисквитот го делиме на половина.
На првата половина нанесуваме од филот, па бисквит, па пак фил.
Бананите ги сечеме на половина по должина и ги мацкаме во сок од 1 лимон да не ни поцрнат. Ги редиме врз филот.
Чоколадото го топиме со маргарин и млеко и го нанесуваме врз бананите треба да се покриени целосно со чоколадо.
Одозгора украсуваме со слатка павлака.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови