Банана сплит колач (без печење)
Сите го знаеме класичниот рецепт за банана сплит со сладолед но ова е веќе нешто поинакво, повкусно, побогато.
Прво ке ја подготвиме подлогата.
Измелете ги бисквитите и измешајте ги со стопениот путер префрлете ги во калап и убаво измазнете.
Ставете во фрижидер да се стегне.
Во меѓувреме го подготвуваме филот
Најпрво изматете ја слатката павлака.
Крем сирењето заедно со шеќерот изматете ги со миксер.
Додајте пола од изматената слатка павлака и измешајте со шпатула.
Нанесете на смесата од бисквити, измазнете, нанесете банана исечена на кругови, па рендан ананас, па другата половина од слатката павлака и убаво измазнете.
Филувајте со прелив или топено чоколадо, сецкан лешник.
На здравје!
Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови