Баклава со ореви и гриз
Плехот се премачкува со путер и се става една кора, па малку се попрскува со стопен путер, малку шеќер и малку гриз. Постапката се повторува со секоја наредна кора само на секоја третата кора се ставаат и дел од сецканите оревите. Внимателно да се испланираат состојките за да биде доволно за сите кори . Постапката се повторува се додека не се искористат сите кори и се завршува со кора за да се прекрие баклавата и се премачкува со путер. Се сечи на парчиња и се печи на 180 степени околу 40 минути, се додека не добие убава румена боја, повеќе да суши одколку да печи за коричките да бидат крцкави. Се остава да олади.
Шербет
Водата, шеќерот и лимонот заедно се варат да згуснат. Се остава 10 до 15 минути шербетот малку да олади да не е врел, но да не е ладен. Потоа се потура постепено со лажица најпрво во растојанието каде што е пресечена, а потоа и на парчињата. Најдобро е да одстои еден ден, а потоа да се служи.
Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови