Намачкајте ја тепсијата со растопен путер и наредете преку 4-5 листа кори. Секоја кора поросете ја со стопен путер, а потоа ставете од сомелените ораси и од сувото грозје. Ова повторувајте го додека не се потроши целиот матријал а за од горе оставете пак 3-4 кори.
Сложената баклава исечете ја на ромбови или коцки по желба, прелејте ја со растопен путер и печете ја во рерна на 200 степени додека не добие убава црвена боја.

Водата и шеќерот ставете ги во сад на оган да вријат околу 10 минути пред крај ставете сок од еден лимон. Печената баклава прелејте ја со шербетот. Оставете ја да стои 4-5 часа за да го впие шербетот, а потоа служете.

Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови