Бадникови питулици со лук, за почетници
Подготовка:
1. Со жица за матење, измешајте си состојките за тестото и оставете ги половина до саат време да отстојат.
2. Нелепливо тавче премачкувајте со масло со помош на силиконска четка и истурете по една кутлача од кашата. Печете како за палачинки.
3. Пред да ја превртите почекајте доволно да се испечи за да не се кини. (Јас успеав првите две салата да ги направам :)
4. Истолчете го лукот во аван, со постепено додавање на маслото и дел од солта, па на крај додадете ги останатите работи.
5. Секоја питулица се мака убаво во течноста и се витка во ролничка, па се реди на чинија.
6. Останатата течност прелијте ја врз зароланите питулици. Aко има потреба, во меѓувреме, придодадете по малку жешка вода. Зависи колку ќе „пијат“ вода самите питулици.
7. Поросете со ситно сечкан магдонос и послужете.
Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови
хаха јуле, грешка во умот. секако дека главица беше :) :* еве, поправив
.
пробав еднаш со лук и ореви редени и потпечени, не ни се допаднаа. овие ги обожаваме во цела поширока фамилија. кога се правеа, сите идеа да каснат. само по рецепт кој претходно овде го имам поставено, не со масло и сода како овој.
хехе цела приказна изнапишав :)))
поздрав наде