Бадникови питулици со лук, за почетници
Состојки
- За кашата
- 3 шолји брашно
- 1-2 лажици масло
- 1/2 лажиче сода бикарбона
- 1/2 лажиче сол
- 4,5 шолји кисела вода
- За макалото со лук
- 1 главица лук
- 1 лажиче сол
- 1/3 чаша масло
- 2 чаши жешка вода
Подготовка
Подготовка:
1. Со жица за матење, измешајте си состојките за тестото и оставете ги половина до саат време да отстојат.
2. Нелепливо тавче премачкувајте со масло со помош на силиконска четка и истурете по една кутлача од кашата. Печете како за палачинки.
3. Пред да ја превртите почекајте доволно да се испечи за да не се кини. (Јас успеав првите две салата да ги направам :)
4. Истолчете го лукот во аван, со постепено додавање на маслото и дел од солта, па на крај додадете ги останатите работи.
5. Секоја питулица се мака убаво во течноста и се витка во ролничка, па се реди на чинија.
6. Останатата течност прелијте ја врз зароланите питулици. Aко има потреба, во меѓувреме, придодадете по малку жешка вода. Зависи колку ќе „пијат“ вода самите питулици.
7. Поросете со ситно сечкан магдонос и послужете.