27
апр
2015
Слатки ачми
Млекото се загрева да биде топло додека можете да го држите прстот во него. Потоа во него се додава квасецот, шеќерот и 1 лажица брашно и оставете да стаса.Откако ќе стаса квасецот се мешаат сите состојки и тестото се остава тестото да стаса.
Откако тестото ќе стаса се зема две топчиња и се прават ачми. Ачмите се редат во плех и се оставаат пак да стасаат. Потоа се мачкаат со жолчка, со четкичката се мачкаат и со вода, се става сусам или ким,по ваша желба,потоа се става по 1 парче маргарина одозгора и се печат на 200 степени о зависност од рерната.
Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови