Мафини со тиква
Подготовка на мафините
1. Ја вклучуваме рерната на 200 степени да ни се загрее.
2. Ги матиме путерот и кондензираното млеко да се соединат.
3. Ги додаваме едно по едно јајцата. Додаваме едно, па матиме, соединуваме, па додаваме друго, матиме соединуваме и така со сите 4 јајца.
4. Ја додаваме ренданата тиква, брашното во кое сме го измешале пецивото, ванилините шеќери и ренданата кора од портокал.
5. Во намрсен и набрашнет калап за мафини ставаме од смесата до половина од висината на тавчето, а може и помалку.
6. Печеме во загреана рерна во која кога ќе го ставиме калапот ја намалуваме температурата на печење на 170 степени (околу 30 минути).
Подготовка на фил
1.Исчистената тиква ја сечеме на парчиња и заедно со сокот од портокал ја ставаме да се свари.
2. Откако ќе омекне ја блендираме со рачен блендер убаво да ни се измазни.
3. Прашокот за пудинг го раствораме во млекото заедно со шеќерот и го додаваме кон блендираната тиква и вариме повторно, со постојано мешање.
4. Кога филот ќе згусне го тргаме на страна и ставаме путер, мешаме да ни се растопи.
5. Кремот го ставаме во шприц и ги филуваме мафините.
Забелешка
Ако сакате да ви се поблаги мафините додадете шеќер. Јас ги правам вака, само со сладоста што ја носи тиквата и кондензираното млеко. Калапите за мафини полнете ги 2/3 од висината или ½ од висината. Смесата за печење е таква да многу нараснува па ако ги преполните можно е да ви се растечат надвор од калапчињата (ова од искуство ви го кажувам).