Арамиска тава
Кромидот исечете го на тенки полупрстени и заедно со сланината и сечканата домашна кобасица ставете го во пекач на малку загреан зејтин да се пржи додека да омекне. Додадете на коцки исечканото свинско и јунешко месо и кратко запржете. Ставете ги доматите, шашлиќ сосот и пиперките исечкани на покрупни коцки. На крај, додадете ја неутралната павлака, измешајте и поклопете со капак, па ставете во загреана рерна на 180 степени да се пече 2 1/2 часа. Повремено промешувајте. 40тина минути пред крајот, тргнете го капакот и оставете така да се допече/довари.
Се служи во комбинација со варен ориз, тестенини, компири или со топол леб.
Напомена
Доколку не можете да најдете готов шашлик сос, зголемете ја количината на домати во рецептов, додадете уште една пиперка и зачинете со лук, оригано, малку кари, шеќер и ворчестер сос.
На здравје!