Арамиска тава
Состојки
- 250гр кромид
- 250гр домашна кобасица
- 250гр сланина
- 250гр свинско месо
- 250гр јунешко месо
- 500гр пиперки
- 400гр домати (сечкани од конзерва)
- 250мл готов шашлиќ сос
- 125мл неутрална павлака за готвење
Кромидот исечете го на тенки полупрстени и заедно со сланината и сечканата домашна кобасица ставете го во пекач на малку загреан зејтин да се пржи додека да омекне. Додадете на коцки исечканото свинско и јунешко месо и кратко запржете. Ставете ги доматите, шашлиќ сосот и пиперките исечкани на покрупни коцки. На крај, додадете ја неутралната павлака, измешајте и поклопете со капак, па ставете во загреана рерна на 180 степени да се пече 2 1/2 часа. Повремено промешувајте. 40тина минути пред крајот, тргнете го капакот и оставете така да се допече/довари.
Се служи во комбинација со варен ориз, тестенини, компири или со топол леб.
Напомена
Доколку не можете да најдете готов шашлик сос, зголемете ја количината на домати во рецептов, додадете уште една пиперка и зачинете со лук, оригано, малку кари, шеќер и ворчестер сос.
На здравје!