
13
ное
2012
Алва со сусам
Во тенџерче на оган ги ставаме шеќерот, водата, зејтинот и какаото да зовријат. Потоа го додаваме брашното и мешаме убаво да се изедначи смесата. На крај го додаваме и сусамот.
Земаме со лажица од смесата ин полниме во силиконски калапи.Оставаме алвата да се стегне и потоа ги вадиме парчињата од калапите и послужуваме. Доколку немате калапи може алвата да се истури во подмачкано тепсиче и откако ќе се стегне да се сече на коцки или баклавки.
Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови
можеш наместо сусам да си стаиш и оревчиња,суво грозје било што по вкус