Алвата на баба ми
Ја прелистував старата тетратка на мајка ми и во неа најдов интересни работи. Ја најдов алвата која баба ми често ни ја подготвуваше на внуците. Немав многу време за посложени рецети па решив денес да ги изненадам децата со овој рецепт.
Во длабок сад на тивок оган ги ставив да се пропржат гризот и маслото.
Во истото време на страна ги ставив водата, шеќерот и ванилата да зовријат. Потоа, кога гризот ќе добие златеста боја, го земав претходно зовриениот шербет и го истурив постепено во гризот. Промешав пополека и го оставив да поврие неколку минутки додека не почне да згуснува убаво.
Ги подготвив калапчињата за полнење на алвата. Додека е врела смесата се полнат калапите и се оставаат да се стврднат.
Сервираме во чиниче и попрскуваме цимет по вкус. Пробајте ја алвата на баба ми ...едноставна но и вам ќе ви се допадне. На здравје
Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови
ај после може и слика ќе ви закачам
Новите идеи се секогаш добредојдени
-Vo ovaa alva imam staveno okolu 50.gr.melen afion, zaradi vkusot i izgledot.