Овој рецепт е најбрзиот рецепт што јас го спремам од десерти. Рецептот е од Австралија, а помеѓу нашите пријатели се рашири и се користи мошне често.

Киселото млеко, шеќерот и ванилата се мешаат со лажица да се растопи шеќерот (околу 30 секунди), па се дробат бисквитите во смесата. Се меша и го формирате во каква форма сакате. Се остава барем 1/2 час за да омекнат убаво бисквитите.

Ова е основната и оригинална верзија, а јас во неа си додавам, малку сецкани оревчиња, две банани и чоколадо за декорација.

Ова е колачот, брз, најбрз и мнооогу вкусен.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови