Домашни јуфки со спанаќ се вистински деликатес.

Спанаќот кратко обарете го, исцедете го од водата и ставете го во блендер.

Во сад ставете го брашното, јајцата, спанаќот, маслото и малку мускатно оревче.
Замесете тесто со раце и додавајте вода колку што е потребно за да се измеси тврдо тесто.

Од тестото поделете помали парчиња и истегнете ги во машина или исукајте ги со сукало.
Корите оставете ги кратко на отворено да се исушат, па потоа поминете ги низ машина на делот за резанки.

Ставете ги на отворено, посипете со брашно.

Комбинирајте со доматен сос, бешамел

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови