
Јубилејна 400та торта со малини (посно, веган, сурово, хроно)
Полека се нанижаа уште 100 рецепти и стигнав до 400тиот рецепт. Некако неосетно ги подготвив овие рецепти, со оглед на тоа дека многу празници предходеа, многу интересни натпревари имаше и говењето ми трга како од рака.
Повторно поголемо благодарам до тимот на Мои рецепти кои не поттикнуваат постојано со нови идеи, да експериментираме во кујна и да пробуваме нови, но и да презентираме стари рецепти запишани од тефтерите на нашите мајки и баби.
Мене ова хоби ме исполнува, бидејќи е две во едно, ем готвиш, ем фотографираш, а сето тоа е на крај наградено со прекрасно дружено на оваа страна, кое е незаменливо.
За овој јубилеен рецепт, се одлучив за една сурова, веганска, посна торта, која одговара и по принципите на хроно, со цел да се одвои малце од досегашните мои јубилејни рецепти, кои беа претежно беа класични торти, со одреден степен на иновативност и креативност.
Оваа торта многу лесно се подготвува. Не одзема многу време за подготовка, единствено треба само да ја причекате малце да се излади во замрзнувач.
1. Индиските ореви потопете ги во врела вода, нека постојат 15тина мин.
2. Калапот за куглоф премачкајте го со кокосово масло.
3. Во сецко или нутрибулет, ставете ги состојките за подлога. Блендирајте додека да добиете покомпактна смеса. Ако не ви се врзува или ви е сува смесата, што се зависи од бадемите и бананата колку се созреана, додадете неколку капки сок од портокал. Смесата за подлогата оставете ја кратко во фружидер.
-Користете засладувач по избор. Јас за оваа торта користев малткес.
4. Потоа во блендер или нутрибулет, ставете ги индиските ореви и блендирајте додека да добиете густа бела паста.
5. Кон таа смеса се додаваат малините и сите останати состојки за филот. Сето тоа убаво се блендира и врзува.
6. Оставете околу 3 лажици од првиот фил во блендерот и додадете ги сега останатите состојки од 2 фил и повторно се убаво изблендирајте.
7. Во калапот за куглоф ставете го прво вториот фил, кој е потемен на боја. Убаво распределете.
8. Потоа ставете го првиот фил и израмнете ја површината. Ставете ги филовите во замрзнувач.
9. Смесата за основата расукајте ја и средниот дел нека има отвор, колку отворот за куглоф.
10. Филовите кои малце се оладиме и стегнале, ги поклопуваме со основата, убаво притискаме и враќаме со во замрзнувач на 2-3 часа.
11. Потоа се превртува куглофот и се декорира со малини и индиски ореви.
- Овааа торта може да се подготви и во округол сад за торта со размер од 18-20 см. Ако сакате поголема, тогаш зголемете ги состојките.
Едно парче од оваа торта ќе ви даде доволно енергија, слаткост и прекрасен вкус на малина, што ќе ви го орасположи денот!
Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови
Да ти се множат рецептите како до сега, лесно и неосетно:) ИИИ уште многу работи можам и сакам да кажам ама ај да не претерувам и да оставам и другите да се изкажат.:) ):) А ние се дружиме и понатаму! Гушки од мене!
Да се видовме еден ден покасно, ќе ја пробаше тортава, тогаш ме начека на тазе направена, уште неизладена! Ама се што е добро може да се повтори ... и торти и дружења и се по ред! :D
Се дружиме и понатаму со вкусни рецепти!
Оваа торта сигурно дека посебно ќе ти влезе во очи, бидејќи ти си по овие веган, здрави рецепти :))))
Имај и ти убав ден!
So les da ti se mnozat receptite i ponatamu, koj od koj poubavi :-)
A, toratava pred se prekrasno izgleda, fenomenalno,pa presekot-sovrsen!
Toa sto e malku poinakva od klasicnite torti ja pravi uste poposebna!
Bravos :-)
Среќни и убави празници!
А фотографиите се посебен дел, по 100 фотографии на 1 рецепт, ако не се погоди време, место, сонце... хахахха ама не се откажуваме додека да дојдеме до совршената фотка! :)))))
Благодарам уште еднаш и секое добро!
Честитки Ива за сиот твој труд и споделиени 400 рецепти, сите прекрасни и вкусни, сеедно дали се хроно или не. Со одлична торта го заокружуваш и овој јубилеј, еве сркам салата со лажица и замислувам дека од неа се сладам хахаха Уживам во твојата активност овде и во рецептите и во коментарите и се надевам дека тоа така и понатаму ќе трае.
Ти благодарам многу Клара, многу ми е мило што се дружиме и што се запознавме на оваа страна, макар и виртуелно ... убаво е да чуе човек дека трудот му се цени и дека е забележан! Тоа дава голем поттик за понатаму!
Се дружиме и понатаму, секое добро!
Ти го честитам 400-стотиот јубилеј од срце!
Тортава е нешто прекрасно и многу здраво, која мами со изгледот и уште повеќе со својата арома. Го почитувам твојов стил на готвење, бидејќи имаш своја препознатливост и автентичност.
Ти посакувам уште многу прекрасни рецепти и јубилеи :)
Поздрав од Прилеп!
Се дружиме и понатаму со надеж за една убава голема средба!
Presekot kazuva se...tortickata e fantasticna!!!
Bravo za jubilejnata brojka na recepti, mnogu te pozdravuvam i ti pozeluvam uste mnogu jubilei da si proslavis vo vaka prekrasno drustvo:)
ние вака постпразнично опуштено, но не и заборавено :)
За другите членки некако сме имале тек на активноста, но и ние се изненадивме - 400 твои рецепти, браво!
И тоа со торта во твој (хроно) стил :), за кој ти си ни прва асоцијација. Сепак, докажуваш дека кога човек е креативен во кујната, независно каков е неговиот режим на исхрана, може да се направат поинакви и вкусни јадења.
Ти благодариме за твоите 400 рецепти и ти подаруваме Нутрибулет со сина боја. Честитки!
Остануваме тука за нови идеи,
тимот на МоиРецепти
среќни Велиденски празници!
Многу се израдував на наградата! Нутрибулетот дополнително ќе ми даде поттик за нови вкусни, здрави, хроно/веган рецепти, за во иднина.
Мило ми е што сум ви асоцијација за хроно рецепти, сепак не беше лесно јадењата на кој сум навикната, да си ги прилагодам по хроно и да се префрлам на овој начина на исхрана. Сепак кога дојдоа на ред десертите, на радоста и немаше крај, бидејќи сите се превкусни и здрави, а знаеш со сигурност дека нема да влијаат на килажата, па затоа со сласт се ужива во нив!
Уште еднаш голема благодарност, на радоса и нема крај, плус посебно ме радува што е во мојата омилена сина боја! Полн погодок!
Поздрав и секое добро!
Среќни празници и убав ден!