За прв пат јадам шербетличе на кое шербетот не му се чувствува и е тоооолку лесно за јадење, колку што е за правење. Имате чувство дека јадете сочно колаче, а не нешто прелиено со шербет. Аромата на лимон прави да не знаете дали да го мирисате и ужвате или да го јадете :)

Рерната вклучете ја на 170 степени.

Одвојте ги белките од жолчките. Изматете ги белките во цврст шлаг. Ќе знаете дека се готови кога ќе го навалите садот за матење, а белките нема да се помрднат воопшто.

Во друг сад изматете ги пенесто путерот и шеќерот додека не добиете пенеста смеса. Една по една додавајте ги жолчките. Додадете една жолчка, матете додека да се соедини убаво смесата, па додадете ја другата и така за сите 5 жолчки. Потоа додадете го киселото млеко, брашното,пецивото и содата. Убаво измешајте да нема грутчиња и оваа смеса додадете ја во матените белки.
НЕ мешајте со миксер, само рачно со дрвена лажица или шпатула. Ако мешате со миксер, смесата ќе спласне, нема да биде толку сунѓереста.
Мешајте ги белките од надвор кон внатре полека.

Смесата сипете ја во тава за печење и печете 50-60 минути додека не зарумени убаво и кората не стане тврда.
Идеална големина за тава е Ростер тавата на Делимано. Не лепи воопшто и нема потреба да ја намастувате.

Кога ќе се испече колачот, извадете го и оставете го да се олади. Оладен исечете го на парчиња по желба.
Дури тогаш пригответе го шербетот бидејки ладен колач се прелева со врел шербет.
За шербетот ставете ги шеќерот и водата да се варат. Нека провријат 3-4 минути и веднаш прелејте го колачот. 
Доколку целиот шербет се слее на дното, само превртете ги еднаш парчињата наопаку, целото колаче ќе впие од шребетот рамномерно и нема да има потреба да ги превртувате повторно.

Наместо една кора од лимон, јас користев 70ина грама мелени аранчини од лимон по рецепт на наша Љиља. Мирисот... не заменлив! :)

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани