Јогурт сконси со чоколадо и аронија
Подготовка
Брашното, шеќерот, солта и сода бикарбоната промешајте ги во еден сад. Насечкајте го ладниот путер. Втрлајте го во брашното и направете ја трошкаста смесата. Додадете го чоколадото кое ситно сте го насечкале и аронијата. Промешајте ги во сувата смеса, нека се набрашнат од сите страни. Ставете од јогуртот и млекото и промешувајте постепено. Соединете го тестото со раце, ама не месете премногу, само да се соедини во една топка. Поделете го на два дела. Секоја топка притиснете ја да добие кружна форма (диск) со дебелина од 1,5 см. Расечете го на 8 парчиња. Пред печење намачкајте го со јогурт и посипете со кафеав шеќер. Печете во загреана рерна на 180 степени 25-30 минути
Забелешка
Користев смрзната аронија, од фрижидер на вага па право во тесто. Кога ќе го замесувате тестото, не го месете премногу, за да не ги згмечите зрнцата аронија. Само формирајте топка.