Волшебен колач
Јас го викам Волшебен колач.
Најважната работа кога се прави јадење се малите ФИНТИЦИ :)
Финтица број еден е секогаш кога има јајца и шеќер(и ванилин шеќер) во рецептот, прво тие се матат додека не се згуснат и додека шеќерот не се растопи. Овде моите колачи најчето губат на тежина, бидејки обожавам матени јајца со шеќер, па пола матено *мистериозно исчезнува* :) :) :) :)
Ајде да ви го прераскажам моето омилено колаче :)
1. Путерот и млекото се топлат на огин, не да врие туку само да се стопи путерот. Во случај путерот да е на собна температура, овој чекор може и да се прескокне.
2. Ја применуваме финтица број еден и ги матиме јајцата со шеќерот и ванилиниот шеќер додека не се растопи шеќерот
3. Се додаваат едно по едно другите состојки и се мати додека целата смеса не се изедначи
4. Се сипа во калапот (тавче, куглоф, хартиени корпи) во кој што сакаме да се пече и се пече на 180 степени целзиусови, 30-45 мин.
5. Во оваа смеса може да се додава што ви душа сака и не може да утнете. На пример, 1 голема лажица какао или малку вишни, сливи, рендани јаболки, цимет, кокос.... ваш избор. За посипување најчесто убав ефект се постигнува си шеќер во прав, стопено чоколадо или кокос (и стопено чоколадо).
Финтица број два:
Сите слатки поубаво изгледаат кога се прават во калапчиња со која било форма. Јас имам преубави калапчиња и со ваков едноставен рецепт личи како да сум супер домаќинка, а јас сум само една мрзлива мрзлива домаќинка и многу вредна јадачка :) :) :) :)
Колачите на главната слика се мини куглофчиња. Внатре ги наполнив со пудинг од ванила, ама поредок за тестото да впие убаво и на крај ставив по едно мало лажиче слатко од боровинки :)
Срцињата се само прелиени со стопени чоколадо, бело и црно и попрскани со шарени трошки :)
Коментарите се отворени, а јас муабетчика, па ајде да си зборуваме за вкусни убавини :)
Ви се допаѓа овој рецепт? Гласајте за него со кликање ТУКА на Изборот за Најромантичен рецепт за двајца, кој МоиРецепти го организира на Фејсбук. Гласањето трае до 16 часот, 14.02.2012
Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови