5
ное
2020
Јапонски палачинки-Дорајаки
Еве уште една варијанта на палачинки,јапонски палачинки или Дорајаки палачинки.
Се матат јајцата со шеќерот со маталка,се додава брашното,пецивото и чоколадата во прав.Потоа го додаваме медот и путерот и постепено додаваме од топлата вода.Смесата да е погуста од обични палачинки,а поретка од американските палачинки.Јас додадов 4 лажици и таман беше густината.Се остава околу 10 минути да одмори смесата и потоа на тивко се печат и од двете страни.При печењето доволно е тавчето да го намастувате со намастена четка.Откако малку ќе оладат се премачкуваат со чоколаден крем или путер од кикирики и се преклопуваат со друга палачинка.
Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови