Јагнешки котлети
За љубителите на јагнешко месо денес ќе прикажам еден убав рецепт.
Во тава на оган ставете ги путерот и маслиновото масло.
Рузмаринот искинете го и ситните иглички нека паднат во тавата.
Лукчето исечете го на парчиња па ставете го во тавата.
Пржете го да испушти од него миризбата.
После неколку минутки пржење извадете ги и рузмаринот и лукот.
Пуштете ги јагнешките котлети во тавата.
Нека се пржат на тивко. Ова повеќе како на грил ќе дојде.
На тивко да нема трага од горење на нив.
Зачинете со сол и црн бибер.
Откако внатрешноста е запржена, префрлете ги во тава.
Во истата тава каде пржевте ставете една чаша бело вино, па промешајте да се соберте се од тавата и вратете во тавата каде ќепечете.
Оставете покриено со фолија да покрчка уште 30минутки на тивко.
Вака спреманите котлети се вкусни кога се топли.
Служете со добро црвено вино.
На здравје да ви е.
Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови