
Јагнешки дробчиња
Комплетот од јагнешки дробчиња убаво се мие и се чисти од жиличките. Срцето се сече на 4 дела и убаво се мие внатрешноста од крв.
Се сечат на парчиња и се ставаат на загреан зејтин да се пропржат. Од како ќе се запржат од сите страни се додава ловорот и виното и се поклопува 10 минути со повремено мешање. Загреаниот зејтин на почетокот помага џигерот да не се стврдне туку останува мек.
Одкако ќе поминат 10 минути се трга капакот и се продолжува со пржењето. Се става ситно сецкан лукот со се перцињата, се става сенфот, зачинот и биберот. Од како сета течност ќе испари на крај се додава буковецот, убаво се промешува и се трга да се подолади, па се сервира по вкус.
Кај нас обично оди со сецкано лукче, малку мајонез и павлака.
Лиценца: Сите права се задржани