Овој е стар рецепт, немавме некое посебно име за него, стално ке речевме: Ајде да го направие оној лесниот колач со јаболките.
Новинка овде сега е што наместо бел, користев кафен шекер, од љубопитност. Ако не ставев кафеав шеќер, пандишпанот ќе си беше жолт, а многупати знаевме во него да додадеме и мелени ореви притоа намалувајки ја количината на брашното за толку лажици колку сме ставиле ореви, но во секој случај најмногу 1-2 лажици... толку стававме.
Постапка
- Во загреана рерна на 180-190 степена ставетете го Во плекчето во кое ке печете - пожелно е да биде во големина од 20х30 - малиот ростер тава е идеален и за големината и длабочината ставете го шеќерот (бел или кафен не менува многу) , ставете го во рерна загреана на 180-190 степена и оставете да се истиот стопи.
- Додека се топи шеќерот, на јаболката извадете им го семете, излупете и пресечете на половина - хоризонтално. Извадете од рерната плекчето со стопениот шеќер и веднаш наредете ги јаболката со пресекот, сечената страна надолу. Во секој отвор ставете од јатките ореви, исто така слободно ставете во празнините кои се јавуваат помегу јаболката од јатките ореви, вратете назад во рерната да се потпечат, да омекнат.
- Додека се печат јаболката, спремете го пандишпанот. Со миксер изматете пенесто јајцата и шеќерот, додадете го млекото, маслото и измешајте. Додадете го сега и брашното во кое сте измешале циметот и пецивото.
- Извадете тавката од рерна. Јаболката веке се добро омекнати, потпечени. Залијте со смесата за пандишпанот и повторно вратете во рерна се до потполна готовност. Проверете со чачкалица, времето на печење е околу 20-25 мин.
- Печено извадете од рерна, нека постои околу 2 минути, (ќе забележите дека рабовите се одвојуваат од тавката), ставете одозгора чинијата во која ќе стои колачот, превртете го на неа колачот така што сега ќе дојдат јаболката одозгора.
Декорирајте доколку сакате со павлака, шлаг, сматен беланец,... комотно врз нив може да се стави и варен пудинг од ванила...Јас најмногу го сакам со кисела павлака, но него премачкувам целиот колач, туку откако ќе си отсечам парче, врз него ставам лесно разматена кисела павлака које е одличен спој со карамелот. Вие како сакате. Знам дека најчесто не доага ред да се стави нешто одозгора бидејки е многу лесен за јадење, додека се пече од мирисот кој се шири во кујната едвај се чека да е готов, поштено несочекан ниту да се олади.

Напомена
- Јас во овој колач денес користев исклучиво кафен шеќер.
- Поради нетрпението се сечеше баш топол, впрочем се забележува и на фотографијата.
- Тавчето треба да ви е доволно длабоко.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани