Јаболкова прелиена миризлива пита
Јаболката ги лупиме, па ги рендаме на крупната страна на рендето. Ги цедиме со раце и ги ставаме во една касерола во која има масло. Го додаваме шеќерот, циметот, морското оревче. Ги пржиме кратко, со повремено промешување, колку да се изедначат. По желба може да се додаде и кора од рендан лимон. Во една мала касерола на тивок оган ги растопуваме маслото и путерот да се изедначат. Земаме една кора, па со четка ја премачкуваме со маснотијата. Врз неа ставме втора кора И неа ја премачкуваме танко со маснотијата. Земаме трета кора и неа ја ставме , танко ја премачкуваме со маснотија. Сега на почеток на кората обилно ставаме од испржените јаболка, Завиткуваме ролат. Постапката е иста се додека не го потрошиме целиот материјал. Со остаток на маснотијата ги премачкуваме ролатите, па ги сечеме на парчиња. Ги редиме во плех. Печеме од 25-30 минути во загреана рерна. За тоа време го подготвуваме шербетот. Во касерола ги ставаме шеќерот, водата, лимонот. Од кога ќе зоврие вариме 6-7 минути. Испечената јаболкова пита ја оставме 6-7 минути да се подизлади, па во 2,3 наврати ја прелеваме со топлиот шербет. Оставаме на собна температура потоплно да се излади, па сервираме и дегустираме.