Признавам дека првпат правам ѓевреци, но затоа испаднаа многу вкусни, особено бидејќи користев интегрално спелтино брашно кое им даде оревест, насладок вкус.

- Во топлото млеко се додава кафеавиот шеќер и издробениот квасец и се остава 5 минути да нарасни.
- Го соединуваме брашното заедно со солта, го додаваме активираниот квасец и замесуваме тесто, на крај го додаваме кокосовото масло и добиеното тесто го оставаме 1 час на топло место.
- Тестото го делиме на 12 топчиња, од секое топче формираме круг во облик на ѓеврек. Во меѓувреме во касерола го додаваме кафеавиот шеќер и го загреваме до карамелизирање. Потоа додаваме околу литар вода и оставаме да зоврие, на крај ја додаваме содата.
- Полека ги ставаме ѓевреците во водата и ги оставаме таму 30 секунди. Извадени и исцедени од водата ги валкаме во сусамот, ги редиме во плех во кој сме ставиле хартија за печење.
- Печеме 15-20 минути на 200Ц.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови