Едноставен рецепт за штрудла од готови кори со тиква која се топи во уста, одлична за овој период кога тиквите се во екот на зрелоста.

Подготовка
1. Најпрво започнуваме со подготовка на тиквата, ја лупиме, рендаме и пржиме на тивок оган (додека да омекне) додаваме околу 200мл вода и шеќер по вкус, зависно од блажината на самата тиква, пржиме до испарување на водата. Тргаме на страна и оставаме да олади.
2. Потоа го приготвуваме филот за премачкување на корите со миксирање на сите состојки.
3. Корите ги делиме на 6 дела по 3 кори, односно за 6 ролати (кај мене имаше 18 кори)
4. Секоја кора ја премачкуваме насекаде со филот, а на третата ставаме од тиквата и го завиткуваме ролатот.
5. Готовите ролати ги редиме во плех за печење, и одозгора ги премачкуваме со филот и сечеме на парчиња...јас на 5.
6. Печеме во загрена рерна на 180 степени околу 40 минути.
7. Нека остине, па посипуваме прав шеќер.

Забелешка - ако сакате можете да расфрлате насекаде по кората од тиквата, јас ја правам на овој начин...само на почетокот од корите.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови