1. Измијте ги и изрендајте ги јабокото и морковите. Тиквата излупете ја од кората и нејзе изрендајте ја. Јас ја рендав на појадрата страна. Промешајте ги и попрскајте ги со две паковки ванила. Додајте го и шеќерот. Филот е спремен.
2. Растегнете ги корите на работната површина. Редете три кори една врз друга попрскувајќи ги сите со масло. На третата кора распоредете го филот насекаде, па виткајте ги како ролат. Така подгответе го остатокот од корите и филот.
3. Тавата во која ќе печете подмачкајте ја. Исечете ја штрудлата на парчиња по свој вкус. Ставете да се пече во претходно загреана рерна. На појако, а потоа намалете ја температурата. Кога ќе ја добие нејзината убава боичка,извадете од рерна.
Нека излади па сервирајте попрскувајќи ја со шеќер во прав.
Нека ви е слатко.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови