Подготовка
На почеток започнуваме со подготовка на шербетот. Во тенџере ги ставаме водата и шеќерот да зовријат пет минути. Тргаме на страна и во шербетот додаваме презла, гриз, ореви, пецивото и какаото.Треба да добиеме полу сува смеса. Готовите кори ги делиме на пола значи треба да добиеме два ролата. Секоја кора ја премачкуваме со мешавина од кисела вода и масло, но не многу да ги топиме корите. На секоја втора кора ставаме од полусувата смеса со ореви насекате и врз нејзе додаваме вишни или мармалад по желба.Мармаладот или вишните ги додаваме рустично.Вака подготвените кори ги мотаме во ролат.Најпрактично е доколку полусувата смеса ја поделите на пола и така ќе знаете по колку да ставите за да добете два ролата.
Двата ролата ги премачквате со масло и печете на 200степени половина час па намалувате температура и печете уште петнаесетина минути.Врз ролатите наросувате шеќер во прав.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани