Штангли од тиква
Многу ја сакам тиквата од секој вид. Овој рецепт е стар, мајка ми многу често го спремаше и не е воопшто сложен.
Најпрво се пече парчето тиква. Јас го печам, а може и да се свари. Но кога е сварена тиквата поприма многу вода и треба да се цеди.
Потоа ги матам јајцата со шеќерот и полека ги додавам сите други состојки. На крај се додава брашното и убаво се мати. Потоа се додава и пирето од тиквата.
Ако ви изгледа премногу течно слободно додадете уште малку брашно и измешајте. Се става во веќе подмачкан плех и се пече на 200 степени. Печено е кога на чепкалка за заби нема да се залепи премногу од тестото.
За декорација може и да се послужат со шлаг или топено чоколадо. Јас ги сакам вакви без ништо за да го има повеќе вкусот на тиква.
Пријатен десерт.
Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови