Шпагети во сос од домати и крцкава сланина
Овој сос за домати е прилично едноставен и секогаш го подготвувам, но крцкавата сланина од горе е одличен додаток и го прави јадењето поразлично од вообичаено.
Прво, направете го сосот. Во тенџере ставете малку масло и кога ќе се загрее, ставете ги кромидот и лукчето да се пропржат. Кога ќе омекнат, ставете го пелатите и со дрвена лажица распарчете ги на мали парчиња. Зачинете со сол, бибер, нане и оригано, додадете една шолја за кафе вода и покријте со капак. Оставете да се крчка на среден оган, додека да се згусне сосот.
За тоа време, сланината наредете ја на тавче за печење и печете ја 10 минути на едната страна, па свртете ги парчињата и печете ја уште 10 минути на другата страна. Треба да биде крцава и со убава румена боја. Кога ќе биде испечена сланината, оставете ја да се олади малку, па исечете ги парчињата на мали коцкички.
Сварете ги шпагетите и сервирајте ги во чинија. Врз нив ставете од сосот, а од горе наросете од крцкавата сланина. Сервирајте и со пармезан и магоднос, по желба.
Вообичаено ги мешам шпагетите со сосот и така измешани ги сервирам, но овој пат за поубава фотографија, се одлучив сосот да го ставам врз шпагетите.
Лиценца: Сите права се задржани