Вкусни и крцкави, дечињата што ни беа на гости со сласт си ги излапкаа. Тоа беше комплиментот.
Инаку рецептов во последен момент стана ова што го гледате на сликата и во состојките. Запишан ми беше во тефтер неколку години, од пред времето на МоиРецепти.
Почнав да го приготвувам и според тие сосотојки што ги имав пишано добив само една џиновска сува смеса. Катастрофа. Загледав подобро и сфатив дека недостасуваат состојки. Искуството во готвењето веќе само ми кажува каде што да додадам, па си добив супер колаченца.
Кога ги ставив да се печат, изнервирана до бесвест, го изгуглав името на рецептот и ја најдов македонската страна од каде што сум го запишала. Ја изгуглав и фотографијата на таа страна, ја најдов страната од каде што е украдена фотографијата и видов дека личноста што ја превземала фотографијата погрешно си ги препишала мерките, некои не ги знаела, па ги прескокнала, некои погрешно ги впишала....некого сигурно му уништила колачиња и ден ако се обидел да ги прави.
Затоа си ги сакам МоиРецепти и не превземам рецепти од друго место. Тука мора секој да постави фотографија од тоа што го приготвил и нема крадени фотографии.

Ајде сега да видиме успехот како се создава =))

Од сите состојки се замесува тесто. Се остава во фрижидер да се стегне окулу 1 час.
Со црпалка за сладолед се вадат топчиња и се редат на хартија за печење (ако користите Делимано, хартија не ви треба, испробано 100 пати)
Топчињата редете ги одалечени едни од други. Јас печев во тавче за рерна, па по должина 4, во ширина 3 топчиња.
Секое топче сплескајте го со дно на чаша или нешто слично, извалкајте го во шеќер и повторно вратете го во тавче.
Доколку ви лепи чашата (дното) премачкувајте со масло по секое сплескување на топче.
Печете во загреана рерна на 200 степени, 15ина мин.

Колачињата на фотографијата се правени со интегрално пченично брашно, да не ве буни бојата ако ги правите со бело брашно.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани