Шарлота Винчини (без печење)
Тортава многу брзо се прави, единствено што треба да се почека да се здрви :)
Најпрво обложете го садот во кој ќе ја правите со најлонска фолија. Јас ја направив во не многу голема салатиера.
Ролатите исечете ги на парчиња отприлика 1,5 цм.
Наредете ги почнувајќи од дното па нагоре. Оставете дел од парчињата, ќе требаат за да се затвори тортата.
И за црниот и за белиот крем загрејте ја павлаката, ставете го чоколадото и промешајте убаво да се растопи.
Наполитанките поделете ги на два дела и половината ставете ги во црниот, а другата половина во белиот крем.
Во садот, врз парчињата ролат, ставете го црниот крем, оставете го во фрижидер малку да се стегне, па одозгора турете го белиот крем.
Одозгора наредете ги останатите парчиња од ролатот.
Ставете ја во фрижидер, убаво да се стегне па превртете ја на некој тањир и извадете ја фолијата. Уживајте!