15
дек
2012
Шарен куглов
Најпрво се миксира маргаринот со шеќерот и ванилата. Потоа се додаваат јајцата, брашното, пецивото и млекото. Смесата се дели на 2/3.
Во двата дела се става прехранбена боја /јас ставив милкшејк од малини и 1 прашак за пудинг во двата дела заедно. А едниот дел е бел.
Се реди вака, во силиконски калап се премачкува со масло и брашно се става црвениот дел,се сипа со цедалче какао, па белото тесто, па пак со цедалче какао и на крајот пак со црвениот дел. Се печи 40мин на 160степени. Пријатно!
Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови