Шарени чоколадни бомбици
Не постои некој кој би одбил чоколадни бомбици. Затоа решив со вас да го споделам мојот рецепт.
1. На тивок оган го затоплуваме млекото и во него ги додаваме шеќерот и маргаринот. Мешаме додека маргаринот и шеќерот не се растопат.
3. Во друг сад го топиме чоколадото, додавајќи малку масло и многу малку вода (1 мала лажичка).
2. Во длабок сад ги ставаме бисквитите, мелените ореви и малку рендано чоколадо за готвење и во оваа смеса го додаваме млекото и растопеното чоколадо.
3. Правиме смеса која не треба да биде премногу мека, а ни премногу јака. Од смесата правиме топчиња и ги украсуваме со трошки, мелени ореви или нешто друго по ваша желба.
Од оваа смеса излегуваат 30 бомбици со средна големина.
Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови