26
мар
2016
Едноставна шарена компир салата
Прво компирите убаво ги миеме и ги ставаме во тенџере да се варат. Од кога се готови ја истураме водата, нека се подизладат, па ги лупиме и сецкаме на коцки. Ги ставаме во сад, во кој ги додаваме сецканото младо кромидче, црвениот кромид. процедената пченка, сецканиот магдонос. Лесно промешуваме. Во сад ги соединуваме сенфот, маслиновото масло, лимон или оцет и сол. Со овај дресинг ја прелеваме салатата и промешуваме. Наросуваме црн бибер.