6
мај
2015
Чорба со киселица и суво месо
Ситно исецкајте го младото кромитче и пржете го на загреано масло.
Додајте ја претходно измиената киселица, сецкана според ваша желба.
Сувата пиперка исецкајте ја и додајте ја во киселицата.
Откако ќе се испржи, се додава лажица црвен пипер и се зачинува.
На страна се полева сувото месо со вода.
Откако ќе почне да врие сувото мевце се додава оваа запршка и се остава да повари околу 20 минути.
Пред крајот разматете лажица брашно со вода и вратете во садот кај киселицата.
Оставете да поврие уште 5 минути и тргнете од оган.
На здравје со прекрасната чорбичка од киселица.
Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови