Тиквата се сече на мали парчиња.
Кромидот се лупи и се става да се вари заедно со тиквата.
Пиперките се додаваат по кратко време. Додадете сол.
Се вари смесата на тивко околу 30 мин.

Потоа се лупат пиперките, со лажица најдобро, само се гребат.
Се додава лукчето и смесата се блендира.

Толку!
Јас декорирав со црвен босилек. Вие како сакате.
Со домашно лепче, петка чорба за студени есенски денови.

На здравје

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани