Чорба од грашок и димени ребра
Ребрата ставете ги да се варат. Додадете го грашокот и оставете да се сварат.
Кромидот исечете го ситно, ставете го да се пржи, додадете ситно сечени моркови и заедно испржете. Истурете во манџата.
Подпржете 1 лажица брашно и истурете во манџата.
Додајте сол, бибер, мешан сув зачин по вкус. На крај додадете магдонос.
Лепчињата исечете ги на коцки и ставете да се пржат. Додадете рендан лук.
Во чинија ставете ја чорбата од грашок, во чорбата ставете пржени лепчиња со лук и павлака.
Лепчињата треба да се стават кога јадете да бидат крцкави,ако постојат подолго во чорба ќе омекнат.
Лиценца: Сите права се задржани