
13
јун
2020
Чоко-портокал енергетски тартуфи
1. Урмите ги ставаме во топла вода да стојат 1 час. Ги вадиме од водата, ги ставаме во блендер заедно со бадемите, оревите, какаото, кората од портокал и сокот од портокал. Блендираме, повремено со лажица ја собираме смесата што е по ѕидовите за да се добие хомогена смеса.
2. Во смесата го додаваме маџунот и повторно блендираме.
3. Го додаваме кокосовото брашно, промешуваме со лажица.
4. Од смесата правиме топчиња кои ги валкаме во какао.
Шолјата е 250 мл.
Лиценца: Сите права се задржани