Подготовка

1. Чоколадното млеко е потребно за натопување на секоја кора. Направете го тоа редоследно со користрење на корите со помош на лажица, така што претходно ќе ја избоцкате со чечкалица.

2. Се спрема првиот фил. Во киселата павлака се меша убаво да се стопи шеќерот. Потоа се додаваат мелените лешници и бисквити. Откако ќе се соединат, на крај се додава нугат кремот.

3. Се спрема вториот фил. Правот за шлаг се меша со киселата вода и се мати. Овде имав проблем. Имено, во рецептот се бараше 250 гр шлаг да се измати со 300 гр кисела вода. Дали е до шлагот и производството, дали истиот по грамажа се мати со различни количини течност (иако мое искуство вели дека таа разлика е многу мала) не знам, но јас го направив соодносот на оваа грамажа на шлаг со отприлика толку, ако не и некој мл плус вода. Значи, овој дел ви останува да го правите со поголемо внимание. Битно е шлагот да е пенесто кремав, а не цврст и да преминува во „сирење“. Во изматениот шлаг миксираме бел нугат крем.

4. 4-5 лажици од шлагот се додаваат во првиот, плазма фил и се мешаат.

5. Тортата се филува редоследно – кора, чоколадно млеко, прв фил, втор фил. Одозгора се прелива со стопеното чоколадо и маргарин или со каква намера сте да ја украсите. Од првиот фил ќе ви остани солидна количина да ја премачкате и украсувате додатно одозгора.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани