Чоко моко торта
1. Јајцата се матат со шеќерот. Откако убаво ќе се изматат се додава млекото и зејтинот. Брашното се меша со пецивото и какаото и се додава во изматените јајца на крај се додава рум за вкус. Се меша со лажица. Тестото се пече во тавче бр. 26.
2. 1 чоколада за готвење се растопува со слатката павлака и се остава да се излади. 3 - те жолчки се матат со малку прав шеќер и се варат на пареа. Откако ќе бидат готови се оставаат да се изладат.
3. Маргаринот се мати со остатокот шеќер во прав и се додаваат изладените жолчки. Изладената слатка павлака се мати со миксер додека не се згустне и се соединува со маргаринот и жолчките и се додава малку рум за поубав вкус.
4. Од филот се остава во чиниче за премачкување на тортата одозгора, а во остатоткот може да додадете чололадни бананчиња и желе бонбони.
5. Тестото се сече на половина и се филува.
6. Од останатите 3 белки може да се направи шам и да се украси со него и да се посипе со какао
Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови